Фудбалерот на Сити признава: Мислевме дека тоа е крајот на надежите за титулата во првенството …


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот за врска на Манчестер Сити, призна дека мислел дека неговиот тим останал без шампионска титула во англиското првенство.

За потсетување, Ливерпул изминатата недела имаше пет бодови повеќе, но „Граѓаните“ се вратија на врвот на табелата откако пред два дена на гости ја поразија екипата на Евертон.

Силва порача дека и тој и соиграчите знаат што треба да направат во продолжението од сезоната.

„И натаму сме шампиони, знаеме што треба да направиме за да останеме. Пред неколку дена мислевме дека ја загубивме битката во Премиер лигата. Сега сме на врвот, добро е што се вративме и ќе дадеме се од себе да ги добиеме сите следни натпревари. Сега сме под помал притисок, а верувам дека Ливерпул и Тотенхем се под поголем“, истакна Бернардо.

За потсетување, Сити во следниот меч го пречекува Челси во големото дерби од 26. коло во Премиер лигата.