Фудбалер на Манчестер Сити ја напуштил репрезентацијата поради закани по живот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Сити кој е незаменлива алка во таборот на Пеп Гвардиола, Фернандињо е решил да се повлече од репрезентацијата поради бизарна причина.

Играчот од средниот ред добил низа критики и закани по живот на социјалните мрежи по неговиот автогол против Белгија во четврт-финалето од Светското првенство во Русија.

Во Јужна Америка фановите се познати по тоа што одат до крајности и навистина може да ги спроведат во дело таквите закани. Класичен е примерот со Андреас Ескобар кој на СП во САД во 1994 година си постигна автогол додека го носеше дресот на Колумбија, а потоа по враќањето во родната земја беше убиен.

Селекторот на Бразил, Тите, откри дека разговарал со играчот по ова прашање и неговото евентуално враќање во репрезентацијата,  но  добил негативен одговор за тоа.

„Прв фудбалер кој сакав да го видам во тимот по Светското првенство е Фернандињо. Тој е вонсериски играч, секогаш дава се од себе. По разговорот со него ми беше јасно дека во тимот би имал несреќен играч. Јавноста беше многу строга кон него, а семејството му добиваше закани. Поради тоа не е подготвен да се врати. Се надевам еден ден ќе биде поинаку“ –заклучи селекторот на Бразил.