Фудбалер на Челси се сели во Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува „Кориере дело Спорт“ од таборот на Јувентус се заинтересирани во своите редови да го донесат фудбалерот на Челси кој не е во прв план кај Маурисио Сари, Андреас Кристенсен.

Овој месец се очекува заминување од Торино на Мехди Бенатиа, па данскиот интернационалец би бил совршено решение како негова замена.

22 годишниот фудбалер оваа сезона има само 12 настапи во дресот на Челси од кои само еден во Премиер лигата.

На натпреварот против Арсенал, Кристенсен дополнително го налути Сари со тоа што си замина од клупата за резервни фудбалери 15 минути пред да заврши натпреварот.