Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ждрепката на паровите од осминафиналето во Лигата на шампиони ќе биде одржана утре од 12 часот, но во јавност почнаа неколку теории за заговор.
Многу европски медиуми утрово објавија дека се познати паровите од осминафиналето на Лигата на шампиони.
„Мундо Депортиво“ ги објави паровите во нокаут-фазата од Лигата на шампиони, а дали ќе има вистина во тоа, ќе дознаеме утре.
Според шпанскиот медиум утре ќе добиеме неколку големи дерби средби на европски гиганти, а наводно во осминафинале ќе играат: Шалке – Јувентус, Ајакс – Манчестер сити, Барселона – Манчестер Јунајтед, Лион – Баерн Минхен, Рома – Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид – ПСЖ, Ливерпул – Порто и Тотнем – Реал Мадрид.
Меѓутоа, вакви приказни има пред секоја ждрепка во Лигата на шампиони, па ќе видиме дали медиумите ги погодиле паровите.