Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во терминот од 20:45 часот одиграни се два дуели во рамките од 17 коло од италијанската Серија А.
Џенова на својот Луиџи Ферари загуби од Палермо, по голем пресврт.
Поведоа домаќините веќе во четвртата минута преку Џовани Симеоне, на него асистираше Ригони.
Сепак, Палермо доаѓа до израмнување, во 42 минута на асистенција на нашиот интернационалец Несторовски стрелец беше Квајсон.
Со тој резултат се отиде на одмор, а после десетина минути игра во продолжението, Џенова доаѓа до ново водство. Стрелец уште еднаш беше популарниот „Чолито“ син на тренерот на мадридски Атлетико Диего Симеоне.
Само осум минути подоцна Нинковиќ зголеми на 3:1 со удар со глава.
Гостите брзо одговорија, Голдани беше стрелец само четири минути подоцна во 69 минута, се влезе во неизвесна завршница.
Се играше 88 минута, кога гостите дојдоа до израмнување, стрелец беше Рисполи. За целосен пресврт на Палермо донесоа нашите репрезентативци, Несторовски повторно асистент, Трајковски егзекутор.
До крајот на дуелот и голманот на Џенова, исфрустриран од случувањата на теренот, заработи црвен картон и оваа вечер беше вистиски кошмар за домаќините.