ФФМ ќе ја награди селекцијата до 21 година со премија до 2000 евра


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја награди младата репрезентација на Македонија до 21 година со премија во висина до 2000 евра индивидуално за досегашните залагања во тековните квалификации за пласман на ЕП 2017.

Управниот одбор на ФФМ дополнително ќе ја одреди висината на премијата за евентуален пласман на селекцијата до 21 година на Европскиот шампионат во Полска.