Халеп ќе соработува со поранешниот тренер на Гофан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Третата тенисерка во светот, Симона Халеп го вработи Тјери Ван Клемпут како нов тренер. Романката и Белгиецот разговараа во текот на Австралијан опен, а официјално ја почнаа соработката наредната недела на турнирот во Доха.

Шампионката на Ролан Гарос и поранешна прва тенисерка во светот ја прекина соработката со Дарен Кејхил по завршување на претходната сезона, бидејќи Австралиецот покажал желба да поминува повеќе време со семејството.

Новата сезона ја почна без тренер, со намера да остане така до пролет, па на првиот гренслем во сезоната стигна до четвртото коло.

Од друга страна, Ван Клемпут досега беше тренер на 21. тенисер во светот Давид Гофан.