Халиловиќ сака да замине, но засега ќе остане во Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Милан не се подготвени да го пуштат новото засилување, Ален Халиловиќ да си замине од клубот по само еден месец откако стави потпис на договор.

Халиловиќ побара шокантен трансфер, но „Кориере дело Спорт“ пренесува дека Гатузо лично го блокирал неговото заминување.

Сепак, весникот пренесува дека од Милан ќе ја разгледаат опцијата за негова продажба во јануарскиот преоден рок кога ќе може да донесат соодветна замена за Хрватот.

Инаку, 22 годишниот фудбалер е на списокот на повикани фудбалери за средбата со Наполи овој викенд.