Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пристигна Хамес Родригез во редовите на минхенски Баерн летото 2017. година од мадридски Реал, на двегодишна позајмица со право на откуп.
Делуваше дека Баерн направи добра работа, но иако играше добро под палка на Хејнкес, не му „цветаат рози“ на „Алијанс Арена“ под палка на Нико Ковач.
Поради тоа се повеќе се зборува за неговата судбина во Минхен, се се помали шансите Баварците да ја искористат договорената опција со Реал и да го откупат неговиот договор од Мадрид.
Во случај да се откажат, Хамес би се вратил во Реал, кој во меѓувреме доживеа бројни промени, па Колумбиецот би можел да добие шанса на „Бернабеу“.
Го бараат бројни екипи, како што се наведува Наполи е фаворит за неговиот потпис, поради Карло Анчелоти со кого соработуваше и во Реал, но самиот фудбалер наговести дека би сакал да остане во шпанската престолнина.
„Во Мадрид имам се, имам куќа, луѓе кои ме сакаат… Ќе видиме што ќе се случи, во овој момент имам договор со Баерн, само сакам да ја завршам сезоната па ќе видиме“, истакна Родригез, а додаде дека и натаму е во контакт со некои играчи од РАеал.
Доста ќе зависи од тоа кој од следната сезона ќе го предводи Реал на клупата, моментално на тоа место е Солари, кој добро се снаоѓа во последно време, „Лос Бланкоси“ ја поправија формата и играат најдобар фудбал оваа сезона, но доколку не се доближи до некоја „сребреница“, мала е шансата Аргентинецот да остане на клупата на „кралскиот клуб“.