Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид му испрати сурова порака на Јувентус.
Сезоната на лов на Хамес Родригез почна. Челси, Манчестер Јунајтед можеби и Манчестер Сити, а одамна на радарот е на Јувентус.
Колумбиецот е на трансфер листа во Реал. Ниту Зидан е задоволен од него, а уште помалку тој е задоволен со улогата кај Зидан иако стигна како еден од најскапите на сите времиња. Кај Анчелоти беше помеѓу подобрите, но кај Бенитез и Зидан почна падот на кариерата.
Сега Хамес е на излезни врати, а Јувентус ги гледа опциите под кои може да го доведе колумбиецот. Мадридските медиуми соопштија дека Јувентус загриза за Родригез, но и дека Реал спреми брутален договор.
Спремен е да тргува со старата дама и да и го испрати Хамес, но во замена за Пауло Дибала.
Реал е тој кој што може да поставува услови. Дибала е сонот на Флорентино Перез кој во него го гледа следното големо име кое ќе го засили кралскиот клуб. Во Јувентус немаат никаква намера да го продадат аргентинецот, но познато е колку Реал може да биде опасен кога ќе посака некој фудбалер. Јувентус тоа најдобро го почувствува во 2001-ва година кога мораше да го продаде Зинедин Зидан.
Реал го сакаше и Погба минатото лето, но не сакаше да работи со сумливите односи и трансакциите на Јувентус и Мино Раиола. Со Дибала е почиста ситуацијата бидејќи не е вмешан Раиола, а мадриѓаните би можеле да испратат непристојна понуда која Јувентус ќе го фрли во дилема. Во тој случај, Хамес можеби и не би бил лоша замена за Дибала.