Хамилтон: Ветел ме помина како да ме немаше на стазата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британскиот возач Луис Хамилтон немаше голема причина за задоволство после последната трка од светскиот шампионат.

Иако стартуваше од првата позиција, Хамилтон многу брзо го пропушти првото место на Себастијан Ветел, а после трката изјави дека Ветел го претекнал како да не бил на стазата.

„Ме претекна како да не ни бев на стазата. Дадовме се од себе, но Ферари не надмудри и ја изгубивме трката уште во првиот круг, кога сигурносното возило излезе на стазата. После тоа немавме што да бараме. Го унапредивме болидот, но Ферари успеа да биде побрз од нас. Сепак, продолжуваме со борбата“, рече Хамилтон.

Инаку, Британецот сега има 17 бодови предност во однос на Ветел, а не му оди во прилог и тоа што наредната трка се вози во Монца, каде што Ветел сигурно ќе биде прв фаворит.