Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од пол позиција на ГН на Кина.
Британецот постави најбрзо време во третата квалификациска сесија на патеката во Кина. Себастијан Фетел од Ферари ќе стартува на утрешната трка од втората позиција. Вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас заврши трет, а Кими Раиконен од Ферари четврт.
ТОП 10 ги комплетираа Фелипе Маса, Нико Хулкенберг, Серхио Перез, Даниел Квјат и Ланс Строл.