Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Возачот на Мерцедес и лидер во генералниот пласман Луис Хамилтон ја освои јубилејната 70. пол позиција во својата кариера.
Британецот ќе тргне прв на трката за Големата награда на Малезија пред Кими Раиконен од Ферари.
Најголемиот конкурент на Хамилтон за титулата, Луис Хамилтон ќе стартува од последниот ред кој имаше проблем со моторот и воопшто не постигна време.
Трет на утрешната трка ќе стартува Макс Ферстапен, а од четвртата позиција ќе стартува Даниел Рикардо. Валтери Ботас и Естебан Окон ќе тргнат од третиот ред, додека Штофен Вандорн и Нико Хулкенберг ќе стартуваат како седми и осми. Првите десет возачи ги комплетираат Серхио Перез и Фернандо Алонсо.