Хамилтон на пол позиција во Силверстоун


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон по петти пат во кариерата ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Велика Британија.

Пред стартот на десеттата трка оваа сезона, Британецот дојде на чекор до рекордот на легендарниот Михаел Шумахер. Имено, Германецот во својата кариера има 68 пол позиции, додека пак Хамилтон со денешната има 67 и е многу блиску да го израмни тој рекорд.

Хамилтон на дождливите квалификации на Силверстоун имаше најдобро време откако извоза круг за 1:26.600 минути. Од првиот ред покрај Хамилтон ќе стартува возачот на Ферари, Кими Раиконен.

Од третата позиција ќе стартува лидерот во генералниот пласман, Себастијан Фетел.

Трката започнува утре со почеток од 14 часот.