Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, во неделата ја продолжи својата доминација со победа на трката за големата награда на Јапонија.
Хамилтон во Јапонија имаше одличен викенд кој го круниса со нова победа и полека стигна до одбраната на титулата за светски првак во Формула 1.
Англичанецот водеше од самиот почеток на оваа трка, а повеќе се очекуваше од неговиот главен ривал Себастиjан Ветел кој уште еднаш разочара.
Ветел заврши дури на шестото место иако добро почна. Сударот со Верстапен го чинеше многу возачот на Ферари на оваа трка и сега е се подалеку од Хамилтон. Англичанецот после трката призна дека е изненаден од падот на формата на Ферари од трката во Монца.
,,До средината на сезоната беа навистина одлични и силни. Во Монца имаа навистина добар викенд но потоа се тргна наопаку за нив. Не очекував дека вака ќе паднат. Не ја знам причината и не сум фокусиран на тоа. Можеби Себастијан има одговори на таквите прашања”- рече Хамилтон.