Харгрејвс ги избра најдобрите пет фудбалери на Манчестер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некогашниот репрезентативец на Англија и фудбалер на Манчестер Јунајтед Овен Харгрејвс избра пет најдобри фудбалери на овој клуб од играчи со кои играше.

Некогашниот одличен играч за врска помина четири сезони на Олд Трафорд после што стигна од Баерн од Минхен.

Ја освои ЛШ со двата клуба, а покрај тоа Премиерлигата и четири пати Бундеслигата.

Без оглед што помина долго време и во Баерн Минхен, Харгрејвс е запрашан да избере пет најдобри фудбалери на Манчестер Јунајтед со кои играше.

Англичанецот мораше во секој ред да избере по еден играч. Неговиот избор беше следниот:

Голман: Ван Дер Сар, одбрана: Рио Фердинанд, среден ред:  Пол Сколс, крилен фудбалер, Рајан Гигс, напаѓач: Кристијано Роналдо.

„Една од главните причини поради што го изграв него (Рио Фердинанд) е тоа дека со него имав најдобра комуникација од сите фудбалери со кои играв. Дајте ја топката на Сколс и тој одма ќе направи еден или два чекори пред останатите. Беше речиси како шах. Тој направи тоа да изгледа премногу лесно.

Роналдо е еден од најдобрите фудбалери кои што некогаш сме ги виделе и тој сеуште игра. Тој е совршен фудбалер да осигура голови на мојот тим“, рече Харгревјс.

Да потсетиме дека Харгрејвс во текот на кариерата имаше многу проблеми со повредите, па токму поради тоа за Јунајтед одигра само 27 лигашки мечеви.

Истотака, освен за Јунајтед во Премиер лигата играше и за градскиот ривал, екипата на Сити, но само еден лигашки меч.

За репрезентацијата на Англија одигра 42 меча. Во стрелците не се запишуваше.