Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѕвездата на Хјустон, Џејмс Харден ја оправда доминацијата со фактот дека неговиот тим не е во полн состав, па некој мораше да ја преземе одговорноста.
Харден во победата против Феникс постигна 44 поени, а тоа беше негов 20. натпревар на кој постигнува 40 или повеќе поени.
Легендарниот Коби Брајант неодамна кажа дека се сомнева во способноста на Хјустон да ја освои титулата со таква игра, па новинарите побараа коментар од Харден.
„Морам да доминирам, зашто имаме проблеми со повреди. Во текот на цела година се мачиме со екипата. Во моментов Коби е во право. Со ваков начин на игра нема да ја освоиме титулата“, вели „Брадата“.
Хјустон во моментов има 31 победа и 22 порази и се наоѓа на петтото место на Западот.