Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголемата ѕвезда на Хјустон рокетс, Џејмс Харден, одигра фантастичен натпревар против Њујорк никс и постигна дури 61 поен, па така го израмни рекордот на Коби Брајант како гостински кошаркар, кој постигнал најмногу поени во салата.
По мечот порача дека Њујорк има најдобри навивачи и било одлично да се направи шоу за нив.
„Ова е историска сала, има најдобри навивачите. Одлично е да се дојде тука и да се направи шоу за нив. Слушнав и навивање и свирежи. Среќен сум што постигнав 61 поен“, порача Харден.
Харден стана прв кошаркар во НБА-историјата кој во еден момент имаше најмалку 20 обиди за три поени и над 20 изведени слободни фрлања.
Исто така, Харден стана петти кошаркар, кој успеал да постигне над 60 поени повеќе пати во кариерата.