Харт пред трансфер во Вест Хем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што дознава „Скај Спортс“ Џо Харт следната сезона ќе ги брани боите на Вест Хем како позајмен фудбалер од Манчестер Сити.

Репрезентативецот на Англија утре ќе ги има медицинските прегледи со Вест Хем. Во договорот на клубовите ќе има и опција за да се откупи договорот на Џо Харт следната сезона.

Харт на социјалните мрежи објави фотографија под која напиша дека е време за нов предизвик во кариерата, алудирајќи на трансферот кај „Чеканите“.

Минатата сезона Џо Харт ја помина како позајмен фудбалер во редовите на Торино.