Хасани: Покажавме дека може да се надигруваме и со најсилните


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките пред натпреварите со Италија и Лихтенштајн во рамките од квалификациите за Светското првенство во  Русија.

Ферхан Хасани истакна дека во Торино не одат со бело знаме и дека ќе се надигруваат со Италијанците.

„Не чека тежок натпревар, но нема предавање. Италија е една од најквалитетните селекции во светот, но веќе покажавме дека можеме да се надигруваме и против најсилните. Ќе се обидеме да одиграме добар натпревар, не мислам дека Италијанците се под притисок за директен пласман на СП, наше е да ги исполниме задачите на селекторот и да бидеме офанзивни. Италија има неколку промени во составот, но тие се голема селекција, независно дали ќе игра Белоти или некој друг“- изјави Ферхан Хасани.