Хендикеп за Ливерпул – Еден од најдобрите го очекува долга пауза!


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане се повреди на натпреварот против Евертон.

Тој на почетокот на вториот дел по еден дуел со Беинс падна лошо на коленото и не го продолжи натпреварот.

Мане не можеше да го сними коленото поради отокот и поради тоа имаше паника во Ливерпул.

Првите проценки беа дека Мане ќе го пропушти само наредниот натпревар против Борнмут, но по се изгледа дека го очекува долга пауза.

Освен Мане, од фудбалерите на Ливерпул во моментов се повредени Хендерсон, Стариџ и Лалана, а тоа е сериозен проблем за Клоп.

Мане оваа сезона одигра 27 натпревари и постигна 13 голови.