Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот човек на Баерн Минхен, Ули Хенес потврди дека во 2008 година се договориле со Јирген Клоп за тој да го преземе кормилото на клубот.
Сепак, тогаш, во последен момент се одлучиле да го назначат Јирген Клинсман, додека Клоп се пресели во Борусија Дортмунд.
„Во 2008 година се договоривме со Клоп по една меѓусебна средба, но потоа го донесовме Јирген Клинсман. Многу го почитувам Јирген поради неговата напорна работа“ –коментираше Ули Хенес во пресрет на средбата помеѓу Баерн Минхен и Ливерпул во рамките од осминафиналето од Лигата на шампионите.