Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата, Столе Димитриевски имаше одличен настап на денешната средба од 18. коло од Ла Лига на гостувањето кај Ваљадолид и му помогна на Рајо да стигне до злато вредна победа од 0:1.
Димитриевски беше најдобриот поединец на денешната средба успевајќи да одбрани неколку одлични удари на домашниот тим, а најспектакуларна беше онаа во финишот на средбата кога успеа да му одбрани пенал на искусниот Мичел.
Инаку, Рајо Ваљекано дојде до предност во 31 секунда од натпреварот преку Алваро Медран и тоа на крајот испадна единствен погодок на средбата.
Со оваа победа Рајо стигна до 16 бода и остана на претпоследното место на табелата во Ла Лига.