Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Во денешните натпревари од шестото коло од Премиер Лигата фаворитите одиграа по планот и остварија сигурни победи.
Челси на незгодното гостување на „Бртианија“ со високи 4:0 славеше против Стоук, а креатор на победата беше Алваро Мората кој постигна хет-трик. Уште во втората минута Мората го отвори резултатот, на 2:0 зголеми Педро. Во 77. минута 82. минута Мората ги постигна последните два гола на натпреварот.
Манчестер Сити со пет „парчиња“ го почасти Кристал Палас и ја продолжи низата од убедливи победи. Стрелци на головите за „Граѓаните“ беа Сане, Стерлинг на два пати, Фабијан Делф и Серхио Агуеро.
Манчестер Јунатјед минимално со 1:0 славеше на незгодното гостување кај Саутемптон. Херој на победата беше Ромелу Лукаку кој во 20. минута го матираше Фрејзер Фостер и го постигна својот шести погодок оваа сезона.
Резултати:
Стоук- Челси 0:4
Манчестер Сити- Кристал Палас 5:0
Саутемптон- Манчестер Јнајтед 0:1
Евертон- Борнмут 2:1
Барнли- Хадерсфилд 0:0
Свонси- Вотфорд 1:1