Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот селектор на Англија, Рој Хоџсон изјави денес дека работеше во репрезентацијата во поединечни ситуации фудбалерите не сфатија што се бара од нив.
Хоџсон поднесе оставка после поразот на Англија од Исланд од 1:2 во осминафиналето на ЕП во Франција.
„Една од работите кои ги научив во последните две години е тоа што ги преценив во смисла да можат да сфатат што барам од нив. Во последните неколку години во репрезентацијата ги снимавме тренинзите и натпреварите од широки агли и одржувавме состаноци со мала група на фудбалери, со голманите и дефанзивците, од средниот ред и напаѓачите.“
„Понекогаш ги мешавме. Ги теравме да објаснат што од нив бараме“, изјави Хоџсон.
Хоџсон од 2012-та до 2016-та година ја предводеше репрезентацијата на Англија, а беше тренер на Малме, Интер, Блекбурн, Грасхоперс, Ксамакс, Удинезе, Фулам, Ливерпул како и репрезентациите на Швајцарија, Финска и УАЕ.