„Храбрите возачи ќе бидат наградени!“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден член од управата на Ред Бул, Кристијан Хорнер смета дека наредната година храбрите возачи ќе бидат повеќе наградени поради новите правила.

Секако, тука мислев на Макс Ферстапен, кој во 2016 имаше најмногу преминувања.

„Мислам дека новите болиди ќе бидат одличен пример со сите промени кои не очекуваат. Исто така, мислам дека храбрите возачи ќе бидат наградени, бидејќи сега сите имаат можност да тргнат од нула. Имаме силен тим и големи очекувања, се надевам дека ќе се приближиме на Мерцедес.“

Покрај него, во тимот ќе биде и Даниел Рикардо.