Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многу познати фудбалери во минатите неколку години се одлучија на промена во кариерата, и потпишаа богати договори со кинеските клубови.
Еден од нив е бразилскиот играч за врска Ренато Аугусто кој во јануари 2016 година потпиша договор со Пекинг Гуан.
Овој 28-годишен фудбалер добро се снајде во Кина, а единствен проблем му е кинеската храна.
„Пекинг е прекрасен град. Се е речиси совршено, а единствен проблем е кинеската храна на која не можам да се навикнам. За среќа, постојат бразилски ресторани. Пекинг ви нуди навистина се“, рече Ренато Аугусто.
Истотака, призна дека разговарал со Хулк и Оскар пред тие да дојдат во Кина.
„Двајцата ме повикаа пред да дојдат. Им реков обавезно да дојдат. Јас никогаш нема да зажалам што сум овде. Лигата константно напредува, терените се одлични, навивачите посветени. Верувам дека лигата наскоро ќе биде рамо со рамо со најдобрите лиги на светот“, истакна Ренато Аугусто.
Овој бразилски бразилски фудбалер во претходните четири години го носеше дресот на Коринтијанс, а играше уште за Баер од Леверкузен и Фламенго.