Хрватот испиша историја: Карловиќ стана најстариот финалист од 1977 година!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ испиша историја, откако стана најстариот финалист на еден АТП-турнир уште од 1977 година.

Овој 39-годишен тенисер ќе се бори за титулата во Пуне, откако по три сета го совлада Белгиецот, Стив Дарсис. Во финалниот меч ќе му биде противник првиот носител Кевин Андерсон, кој во полуфиналето беше подобар од бранителот на титулата Жил Симон.

Хрватот така стана најстариот тенисер, кој се пласирал во финале уште од 1977 година, кога тоа му успеа на 43-годишниот Кен Рузвол во Хонг Конг.

Инаку, ова ќе биде 19. финале во кариерата на искусниот Хрват, а седмо откако наполни 35 години. Последната титула ја освои пред три години во Лос Кабос.