„Хјустон би го победил Чикаго во 1994 година и со Џордан!“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот НБА играч, а сега коментатор Кени Смит изјави дека Хјустон ќе го победи Чикаго со Мајкл Џордан во 1994 година. Џордан по 3-та освоена титула се повлече во 1993 година и Хјустон тоа го искористи, па освои 3 титули по ред.

Сепак, Смит смета дека Хјустон ќе победел и доколку Џордан останел во Чикаго.

„Би ги победиле. Сите забораваме дека Џордан играше многу години и изгубија од Орландо во плеј-оф серијата. Бевме подобри од Орландо, а тие изгубија од нив. Во текот на сезоната кога ја освоија титулата ние ги победивме во лигата, беше 8:2 за нас.“

Џордан по 1-годишна пауза се врати, но беше поразен во плеј-оф серијата од Орландо, а потоа следеа 3 титули по ред на Чикаго.