Цената на Мбапе е висока, еден клуб се откажа, во игра се само два гиганти!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дали ќе добиеме нов светски рекорд?

Килијам Мбапе ја залуди цела Европа, а Монако тоа го искористи за да постави огромна цена за негов трансфер.

Како што пренесе британски Тајмс, Манчестер Јунајтед беше сериозно заинтересиран за потпис на овој 18-годишен, но се откаже кога ја слушна високата цена.

Имено, Монако за неговиот трансфер сега бара 130 милиони евра, што е за 20 повеќе од рекордниот потпис на Пол Погба кој во летото премина од Јувентус во Манчестер Јунајтед.

Токму клубот од Олд Трафорд со Реал Мадрид е единствен кој остана во трка за Мбапе и речиси е извесно дека ќе заврши во еден од тие два клуба.

Јунајтед ќе мора да бара замена за Златан Ибрахимовиќ, па јасно е дека Мбапе ќе биде посебно во фокусот кај Жозе Мурињо.