Цените ќе отидат до небо, ПСЖ и Пеп сакаат исти фудбалери


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Двајцата дефанзивци ќе бидат на слатки маки бидејќи за нив се борат најбогатиот француски клуб и еден од најбогатите клубови во ПЛ.

Пеп Гвардиола ја имаше најлошата тренерска сезона. Граѓаните ќе се борат само за титулата во ФА Купот.

Поради сето тоа, шпанецот најави големи промени, посебно во последната линија која разочара оваа сезона.

Сега со ПСЖ кој не блеска оваа сезона се заинтересирани за фудбалерот на Рома, Антонио Рудигер. Поранешниот фудбалер на Штутгарт го потврди квалитетот во Рома.

Светците и граѓаните покажаа интерес и за левиот бек на Валенсија, Хозе Луис Гаја. Овој 21-годишен фудбалер е стандарден во Валенсија, поседува голем талент, а се пишува дека Гвардиола него го означил како приоритет ова лето.