Црвена Звезда заработи огромно богатство со триумфот против Ливерпул


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ретко кој очекуваше синоќа на „Маракана“ да се случи сензација против Ливерпул, но токму тоа беше случај и Црвена Звезда победи со 2-0 во четврто коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Со головите на Милан Павков, домаќините го урнаа Ливерпул, а оваа победа им донесе дополнителна заработка од 2,7 милиони евра.

Претходно Ц. Звезда заработи 900.000 евра за ремито со Наполи во првото коло, односно досега има 3,6 милиони евра за четири освоени бодови.

Покрај тоа, црвено-белите заработија 15.250.000 евра за пласман во групната фаза од Лигата на шампиони, односно 1.140.000 евра за квалификациите и плејофот.

Доколку сè се пресмета тоа е сума од 19.990 милиони евра кои ги заработи шампионот на Србија само од Лигата на шампиони.

Исто така, Звезда ќе добие дел од парите од ТВ права, влезници, а се очекуваат и премии од главниот спонзор.