Црногорски талент падна сред тајм-аут, докторите не можеа да го спасат! (ФОТО)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Потресна приказна пристигнува од Хонолулу, каде што почина Емил Исовиќ, кој имаше само 21 година, а беше кошаркар на колеџ екипата Хаваи Пацифик Баскет.

Беше со потекло од Црна Гора, а се роди во Норвешка и настапуваше за шведската репрезентација до 20 години, а седум дена пред Божиќ, Исовиќ падна на паркетот за време на тајм-аут, па веднаш доби медицинска помош и го оживуваа 20 минути.

Сепак, неговите бели дробови беа откажани, а имаше и оштетување на мозокот, па по седум дена поминати во кома, Исовиќ почина.

„Не постојат зборови со кои би опишале колку ни недостига Исовиќ. Беше фантастичен и остави длабока трага“, соопштија од колеџот.