ЦСКА сигурна против Бамберг – Фенербахче ги победи Грците


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на ЦСКА стигнаа до победа на домашен терен. Тимот од Москва го победи Бамберг со 85:64 во првиот натпревар од 18-то коло од Евролигата.

По 20 минути игра резултатот беше 44:33, а прашањето за победникот беше решено во третата ¼-на. Домаќинот го реши во своја корист со 25:15 и тогаш беше јасно кој е победник на натпреварот.

До крајот само рутински одиграа и стигнаа до победата. Најдобар играч во тимот на ЦСКА беше Нандо де Коло со 26 поени.

Фенербахче одлично го започна натпреварот против Панатинаикос и во првата ¼-на успеа да победи со 27:16, а на полувремето заминаа со резултат 44:28.

Се беше јасно уште во првиот дел од натпреварот, па Панатинаикос се помачи малку повеќе во третата ¼-на која ја освои со 17:16, но тоа не беше доволно за да направат нешто повеќе.

Фенербахче победи во натпреварот со 84:63, а најдобар стрелец на натпреварот беше Џејмс Мајк со 23 поени во тимот на Панатинаикос.