Чави откри кој играч од Премиер лигата би го довел во Барса


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кога ќе ги закачи копачките на клин, нема да биде никакво изненадување ако легендата на Барселона, Чави Ернандез, заплови во тренерските води, да го следи патот на Пеп Гвардиола.

Чави моментално е играч на катарски Ал Сад, а во Барселона помина дури 24 години од својата кариера, од 1991 кога се приклучи на Ла Масија, па се до 2015 година и простувањето од дресот на каталонскиот клуб.

Но доколку би бил на местото на Луис Енрике, кој играч би го довел на Ноу Камп?

На Чави му е поставено прашање да избере еден играч од ПЛ за првиот тим на Блауграната. Иако кажуваше комплименти на сметка на новата аквизација на Борнмаут, Џек Вилшер, англискиот репрезентативец не е негов избор.

Наместо него, го избра Ријад Марез од Лестер, PFA играчот на годината во Премиер лигата.

„Марез е доволно добар да заигра во Барселона, но мило ми е што се одлучи да остане во Лестер. Јасно е дека имаше опции пред себе, но би било штета ако Лестер го загуби најдобриот играч после така голем успех“, рече Чави.

„Ќе биде интересно да видиме ако ќе се снајде во Европа Лестер во оваа сезона“.

Навистина, Марез е доведен во врска со Барселона во ова лето, меѓу останатите врвни клубови, после фантастичната сезона на индивидуален план и историскиот успех со Лисиците.

Алжирскиот репрезентативец постигна 17 голови и запиша 11 асистенции на своето конто во минатата сезона, а со потпис на четиригодишен договор стави точна на шпекулациите за својата иднина.

На стартот на новата сезона во ПЛ, Марез не успеа да ја пронајде формата која го красеше во минатата сезона, иако постигна гол на отворањето против Хал Сити.

Клаудио Раниери се надева дека ѕвездата на неговиот тим ќе ги повтори партиите од минатата сезона после репрезентативната пауза, после што ги очекува првиот меч во групната фаза од ЛШ, во гости против Клуб Бриж.