Чалханоглу останува во Милан: Трансфер не доаѓа во предвид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако се чинеше дека Хакан Чалханоглу дефинитивно ќе го напушти Милан, од неговото заминување од Сан Сиро најверојатно нема да дојде.

Овој турски фудбалер не ги воодушеви навивачите на Милан откако дојде од Баерн Леверкузен и последната недела се погласно се шпекулира за негово враќање во Германија меѓутоа вето на евентуално заминуање стави тренерот Гатузо.

После сите натписи се огласи и самиот Чалханоглу …

„Јас сум во Милан, играм за тој клуб и сум среќен. Никаков трансфер не доаѓа во предвид“- порача овој играч за врска за ТРТ Спорт.

РБ Лајпциг се интересираше за услугите на Чалханоглу и сега мора да бара некое друго решение, а на турскиот фудбалер му преостанува да ја покаже својата вредност и да ги оправда 22 милиони еври кои Милан ги издвои за неговиот трансфер во 2017 година.

Оваа сезона Чалханоглу во Серија А одигра вкупно 17 натпревари и приотоа запиша три асистенции.