Часови го делат од Челзи, а тој признава: Моето срце чука за Арсенал !


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Антонио Рудигер ја ризикува својата судбина на „Стемфорд Бриџ“, со една сосема необична изјава во која тој го величи тимот на Арсен Венгер.

Централниот дефанзивец на Германија, се согласи да му се приклучи на шампионот во Премиер Лигата, тимот на Челзи, кој успеа да го обезбеди неговиот потпис пред тој да потпише за Манчестер Сити.

Медиумите зборат дека тој моментално е во Лондон, на медицински прегледи, па ќе стави потпис на договор со „сините“, а неговиот трансфер ќе го чини тимот на Абрамович околу 36 милиони фунти.

Но, иако трансферот е пред самата реализација тој призна нешто сосема неочекувано:
„Ги следам Арсенал, уште од времето кога играа таму Беркамп и Анри, и од секогаш сум сакал да играм за тој тим, едноставно е моето срце чука за Арсенал“. – изјави дефанзивецот кој денес треба да потпише за Челзи.