Челси без проблеми го реши Саутемптон и се качи на врвот на Премиерлигата (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси со одлична игра победија на гостувањето кај Саутемптон со 3-0 и на тој начин ја преземаа лидерската позиција во Премиерлигата, барем во наредните неколку часа.

Откако двете екипи во првите 30 минути имаа по една добра шанса, Челси постигна гол преку Еден Азар по одличната акција на „сините“.

Во продолжението од натпреварот Рос Баркли го постигна вториот гол на натпреварот, а конечните 3-0 ги постави Алваро Мората во финишот од дуелот.

Челси е сега лидер со 20 освоени бодови, додека Сутемптон се наоѓа на 16. место со само пет освоени бода.