Челси ги користи сите адути да го задржи Одои: Баерн со аргументи се повеќе го „купува“ за себе…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Понекогаш расправијата преку медиумите умее да биде кобна по младиот играч.

Баерн го сака младиот Калум-Хадсон-Одои, Челси не попушта, на крајот ова момче истакна дека не сака да го продолжи договорот со „Плавите“ и дека ќе замине кога ќе му истече договорот бесплатно.

Челси има шанса да добие 35 милиони евра, бараат повеќе, а покрај тоа се обидуваат да го наговорат ова момче да остане во клубот.

Имаат ли аргументи?

Баерн има, му нудат 85 илјади фунти неделно, и не само тоа, ќе ја добие и десетката на Ариен Робен.

Во Челси сметаат дека тоа е само дел од тактиката на Баерн и дека Одои нема да игра повеќе во Баерн отколку во Челси следната сезона, како и дека Премиер лигата му е подобра за развој отколку од Бундеслигата.

Она што е проблем, е што преголемата приказна за овој фудбалер, може да се одрази на неговата игра…