Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Реал Мадрид, кој е на позајмица во Челси, Матео Ковачиќ би можел да замине од Лондон на крајот на сезоната, иако многумина очекуваат да потпише за англискиот гигант.
Италијанските медиуми пишуваат дека Интер сака да го обезбеди потписот на Ковачиќ и да го донесе на „Џузепе Меаца“, откако ќе му заврши позајмицата во Челси.
Проблемот за Челси е тоа што нема откупна клаузула во договорот со Реал Мадрид, па постои можност Ковачиќ да се пресели и во друг клуб.
Не е познато колку пари е подготвен да понуди италијанскиот гигант, но јасна е желбата на „кралевите“, кои сакаат да го продадат Хрватот.