Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Калчомеркато“ пишува дека англискиот гигант Челси ќе има преговори за играчот на Интер, Матијас Вечино.
Вечино не е во екипата на „нераѕурите“ на подготовките во Америка, поради тоа што замина на одмор поради замор од Мундијалот во Русија.
„Калчомеркато“ пишува дека двете страни ќе преговараат за потенцијален договор на Вечино, а во прилог на екипата од Лондон одат и проблемите на Интер со Финансискиот фер-плеј.
Интер бара сума од 35 милиони евра, но најверојатно двете екипи ќе се согласат за пет милиони помалку, поточно понуда од 30 милиони евра.