Челси добива нова ѕвезда: Сари купува засилување од Бундеслигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси е во проблеми со Еден Азар, кој има договор до 2020 година и не може да одлучи дали ќе прифати нов договор или ќе замине во лето.

На „Стемфорд бриџ“ чекаа премногу, па сакаат да си ја обезбедат иднината, а поради тоа најдоа ново засилување и тоа во Борусија Дортмунд, а станува збор за Кристијан Пулишиќ.

„Спортс Илустрејтед“ пишува дека гигантот од Лондон планира да го купи Пулишиќ за 80 милиони евра, па 20-годишниот фудбалер би требало да пристигне на „Стемфорд бриџ“ во јануари.

Пулишиќ сезонава одигра 15 натпревари и постигна три гола и две асистенции, па со своите настапи ја воодушеви јавноста.

Сепак, Челси за неговиот потпис ќе мора да се бори против Ливерпул, кој исто така покажа интерес за неговите услуги.