„Челси е одбиен, нема да брзаме“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најбараните фудбалери во оваа зима е талентираниот Френк Кеси.

Иако се работи за играч за врска, 20-годишниот Кеси во досегашниот дел од сезоната во Серија А  постигна шест голови за Аталанта и прв стрелец во екипата.

Поради неговиот талент веќе се распрашуваат многу еврооски гиганти, меѓу кој и Челси кој според зборовите на неговиот агент имаше испратено понуда.

„Имавме понуда од Челси, но е одбиена. Интерес истотака покажаа Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Арсенал, но нема да брзаме.

Мораме да бидеме внимателни во неговиот развој и да ги разгледаме сите опции“, рече агентот Џорс Атангана, и додаде:

„Не можам да кажам колку тој ќе чини, а зборуваме за еден од најдобрите млади играчи“, истакна Атангана кој се грижи за кариерата на овој „вундеркинд“.

Кеси во Аталанта стигна во 2015 година од БСК, а пред што доби шанса во првиот тим едно време се калеше во Чезена.