Челси започна преговори за двоецот на Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишува „спортиталија“ Јувентус и Челси започнале преговори за Даниеле Ругани и Гонзало Игуаин.

Сари конечно беше претставен како нов тренер на Челси во текот на вчерашниот ден, а истиот ден беше потврден и трансферот на Жоржињо од Наполи.

Сега, клубот од Лондон ќе влезе во преговори за 100 милиониски ангажман на Ругани и Игуаин. Аргентинецот по доаѓањето на Роналдо во тимот веројатно ќе мора да ја менува средината ова лето, а Челси е најзагреан за неговите услуги.