Челси има резервен план: Доколку не пристигне Алисон, ќе купат друг талентиран голман!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Тибо Куртоа би можел да го напушти Челси летово. „Сините“ се надеваат дека би можел да го продаде на Реал Мадрид, па во тој случај би тргнале да го купат Алисон.

Рома бара 70 милиони евра за нивниот голман, кој наводно се договорил со Реал Мадрид, но „кралевите“ не успеваат да се договорат со „волчицата“.

Тука ја гледа својата шанса Челси, но во случај тие да не успеат да се договорат со Рома, „сините“ ќе се обидат да донесат друг голман, односно Џанлуиџи Донарума.

Милан е во големи проблеми, имаат забрана за играње во европските натпреварувања, па токму тоа ќе се обиде да го искористи Челси и да го ангажира младиот Италијанец.