Челси и Ливерпул во акција: Дортмунд откри колку пари сака за Пулишиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Кристијан Пулишиќ сезонава настапува фантастично, па сега е голема желба на многу екипи.

Очигледно Челси најмногу е „загреан“ за репрезентативецот на САД, па испратиле понуда до бундеслигашот.

Засега не е познато колку пари е подготвен да плати Челси, но конкуренција ќе му направи Ливерпул.

Германскиот тренер Јирген Клоп го сака фудбалерот од својот поранешен клуб, а Дортмунд ја соопшти неговата цена, која изнесува 70 милиони фунти.

До почетокот на преодниот рок има помалку од еден месец, а до тогаш можеби ќе стигне уште некоја интересна понуда.