Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Челси има намера да го чува Тибо Куртоа кога го виде интересот на другите европски великани за него.
Сега Куртоа има 116 илјади евра недела плата, па Роман Абрамовиќ веројатно ќе му понуди нов договор и ќе ја зголеми платата на 175 илјади евра што е голема плата кога во прашање се голманите.
Куртоа имаше нешто слаб почеток на сезоната, но сега со тек на време се врати на добар пат и досега на 10 натпревари успеа да направи неговата мрежа да не биде затресена.
Тој со одличните игри го привлече вниманието на Реал Мадрид, па Челси сака да го сочува како и да е тоа можно.
Куртоа во Челси дојде 2011 од Генк за 9 милиони евра, но 3 сезони помина на позајмица во Атлетико од Мадрид.