Челси не се откажува од Фекир, Французинот во јануари стигнува во Лондон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Л’Екип“ пишува дека од редовите на Челси го ангажирале супер агентот Пини Захави кој ќе има една задача, да го донесе Набил Фекир во Лондон.

Захави има задача да стапи во контакт и да преговара со претставниците на Фекир со кои би ја дискутирал иднината на францускиот репрезентативец.

Фекир беше блиску до трансфер во Ливерпул минатото лето, но договорот пропадна во последен момент.

Челси сега е фаворит за 25 годишниот офанзивен напаѓач кој и оваа година игра во голема форма.