Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Челси од наредната сезона најверојатно ќе мора своите натпревари да ги игра на Вембли.
Имено, пред неколку денови е усвоена одлуката за надградба на Стенфорд Бриџ, кој во иднина ќе има капацитет од околу 60 000.
Изградбата на новиот стадион треба да почне на крајот на оваа сезона и ќе биде завршена за година дена.
Англиските медиуми пренесуваат денеска дека Челси најверојатно своите домашни натпревари ќе ги игра на Вембли додека Стенфорд Бриџ не биде завршен.
Во игра беше и стадионот на Фулам, но на крајот таа опција пропадна.
Истотака, во конкуренција за домашните натпревари на Челси се наоѓаат уште неколку лондонски стадиони, но судејќи според се изборот на крајот ќе падне на Вембли на воодушевање на навивачите на Сините.