Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот на Челси, Маурисио Сари одлучи своите позајмени напаѓачи да не ги враќа во тимот оваа сезона, иако многумина сметаат дека Батчуаи и Абрахам добро би му дошле во продолжението од сезоната.
Овој второспоменатиот Абрахам, игра феноменално оваа сезона, настапува за Асртон Вила, каде постигна 16 погодоци во Чемпионшип, па интересот за него значително порасна.
Од враќањето во Челси нема ништо, но продажба дефинитивно доаѓа предвид и истата е на прагот да се случи.
Вулверхемптон понуди 18 милиони фунти на Челси за овој напаѓач кој има само 21 година, а Плавите не се двоумеа. Одлучијиа да го продадат по таа цена, останува само „Волците“ да се договорат со англискиот напаѓач.
Абрахам во текот на својата кариера играше за Челси од својата 7. година, а како професионалец играше за Бристол Сити, Свонси и сега во Астон Вила.
Настапи на двапати и за репрезентативниот дрес на Англија.